Max Factor Miracle Match Foundation Review + Swatches



Возбудена сум да ви ја представам новата пудра на Макс Фактор. Како еден од омилените козметички брендови знаев дека морам да ја имам, до сега ги имам пробано  сите  течни пудри од Макс Фактор и од повеќето сум задоволна како изгледаат на мојата кожа.
Што мислам за оваа пудра ќе прочитате во текстот подолу.

Кога е зима секогаш се одлучувам за полесни пудри. Барам пудра што ќе ми даде здрав сјај на лицето и лесна/средна покривност. Иако имам комбинирана кожа (мрсна Тзона и нормални образи), не се откажувам од пудрите кои што даваат dewy финиш, особено затоа што во зима често кожата може да биде дехидрирана и затоа најчесто ги избегнувам пудрите со мат финиш.



Како и секогаш прво да кажам за паковањето кое што изгледа елегантно и луксузно. Изработено е од квалитетно проѕирно стакло и има пумпичка, што многу ми се допаѓа затоа што никогаш нема да излезе премногу производ.

Самата текстура на пудрата е кремастагуста  и  лесно се нанесува. Има некој специфичен мирис на бадеми, мене лично не ми смета затоа што го снемува за кратко време.

Пудрата нуди лесна/средна покривност, која што многу лесно се надоградува за поголема што многу ме изненади. На лицето дава здрав сјај, ништо претерано, кожата изгледа многу природно како да не сте нанеле ништо нормално ако не се претера со количината.
Јас би го нарекла нешто како полумат финиш него како сјаен, не изгледа како маска туку баш се адаптира на кожата.

*Пред и потоа со пудрата



Она што најмногу ме изненади е што одлично ги камуфлира порите. Како и секоја пудра и оваа после нанесувањето ја фиксирав со камена пудра ама само на т-зоната затоа што не сакав да се изгуби  блескавиот сјајот на лицето. Ја користев и со база и без. Ако користите база и по неколку часа порите стануваат по малку видливи, и малку повеќе се зголемува долготрајноста, особено ако користите база за мат ефект (ова важи за девојките со мрсна кожа). Мене ми траеше 6 часа без никаква поправка што е за пофлаба после 6 часа потребна е мала поправка со камена пудра.

Во Македонија се достапни 5 нијанси, и верувам дека секој може да се пронајде, затоа што изгледаат многу природно.
На сликите подолу слика од нијансите.


Јас ја користам 47 Nude нијансата е со жолт подон и одлично ми одговара. Само морам да напоменам дека по нанесувањето малку оксидира ама не се познава затоа што е многу малку.

Јас ја препорачувам да ја пробате, затоа што е една предобра пудра. Особено ако сте девојка со сува, нормална или комбинирана кожа. Ако имате премногу мрсна кожа би ви препорачала да ја пробате на тестер пред да ја купите.

Совет плус: За поголема покривност користете четка за течна пудра со рамен врв, и прво нанесете тенок слој од пудрата, па потоа надоградете уште еден слој на местата каде што сакате да постигнете поголема покривност.

Пудрава е достапна во сите подобро снабдени парфимерии низ Македонија, по цена од 810 денари.



Previous
Next Post »
Thanks for your comment