Bourjois Push Up Volume Glamour Mascara & Bourjois Liner Pinceau 16h Review
Маскарата и тушот се "must have" производи за секоја девојка. Маскарата беше меѓу првите мејкап производи што ги пробав, и е еден од производите без кои неможам да замислам дневна шминка. Како што веќе знаете маскарите и тушевите ми се слаба страна, па секогаш користам неколку истовремено. Денес ќе ви пишувам за маскарата и тушот на Bourjois што мислам за нив ќе прочитате во текстот подолу.
Bourjois Push up Mascara
Никогаш порано немав користено маскара од Боржуа, секогаш на нивниот штанд ги разгледував пудрите или коректорите. Оваа маскара многу пријатно ме изненади. Незнам зошто очекував да бидам разочарана. Прво паковањето не ми се допаѓа, Bourjois имаат прекрасни паковања на нивните производи ама маскарите некако изгледаат обично и досадно.
Самиот производ е прекрасен, со само еден слој дава волумен и должина на трепките, со 2 слоеви можете да постигнете подраматичен изглед (како на сликата подолу).
Самата текстура на маскарата е средно густа, а четката е со густи влакна па одлично ги расчешлува и извиткува трепките.
Ефектот трае цел ден, имам мрсни капаци и оваа маскара не ми се пресликува под очите. Лесно се одстранува со влажни марами или средство за одстранување на шминка.
Јас сум многу задоволна, со оваа маскара немаше потреба ниту да користам виткач за трепки затоа што ефектот од маскарата е долготраен. Ја препорачувам! :)
Bourjois Liner Pinceau 16h
Ретко користам течен туш, повеќе ги сакам тие како фломастер. Ама тие најчесто брзо се сушат и после некое време немаат потполно црна боја па морав да се вратам на течните тушеви. Овој е спакован во црно пластично паковање. Делот кај четката е со подолга дршка па тоа ќе ви пружи поголема стабилност во нанесувањето. Текстурата е многу течна а пигментираноста е одлична. Најмногу ми се допадна што се суши во мат финиш.
Единствен проблем што го имав е четката затоа што е многу тенка, а јас секогаш користам тушеви со дебела четка.
Ама, по неколку употреби се навикнав. Со тенка четка е многу полесно да го нанесеш тушот поблиску до трепките и да извлечеш "cat eye" линија. Ако имате мрсни капаци морате да го пробате тушов затоа што трае цел ден, не се размачкува ниту избледува. Ефектот е потполно ист како моментот кога го нанесувате.
Ако сте девојка што користи туш со тенка четка ви го препорачувам да го пробате тушов затоа што е одличен. :)
Дали вие ги имате пробано овие производи?
Која ви е омилена маскара и туш? Пишете ми подолу во коментарите за што би сакале да читате во следниот пост. :)
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon