Авон има нови производи, најмногу се израдував на гел тушевите во боја. Особено тој во сина боја Shimmering Sapphire, иако сенка во сина боја не ми стои баш најдобро, со тушот добро фукнсионираме. Особено мислам дека за периодов е одлична нијанса за да го избегнеме зимското сивило.
Тушот е сместен во мала, квалитетна, стаклена тегличка од 3г. Текстурата му е средно кремаста, нешто како Color tattoo сенките од Maybelline, само нормално се со различна формула.
Пигментацијата е средна и помалку разочарувачка. Очекував да е многу попигментиран. За да ја добијам посакуваната нијанса морам да поминам неколку пати со четката, а со тоа се губи и прецизноста.
Она што најмногу ме изненади е долготрајноста. Имам многу мрсни капаци а тушот ми трае се додека не го избришам, што се за пофалба, многу по скапи тушеви не ми траеле вака долго.
И друг голем плус е што може да се користи и како база за сенка, одлично се комбинира со сина сенка,со розево златна, златна сенка итн.
(На сликите подлу како изгледа тушот на очите, на кафени или зелени очи би стоело уште поубаво.)
Можеби би го купила повторно затоа што е со многу пристапна цена и заради специфичната боја.
Дали вие го имате пробано и дали ви се допаѓа?
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon