Me Now 1$ kissproof lipsticks review
Здраво на сите, денес ќе читате за мат кармини што ги порачав преку интернет по цена од 1 долар. Ги користам веќе еден месец па можам да споделам импресии со вас.
Кармините се од Me Now lipsticks, има во форма на моливче и течни кармини во форма на сјај за усни, ама со мат ефект.
Јас порачав само 4 нијанси од тие како моливче само да пробам ама дефнитивно би зела уште неколку.
Кармините изгледаат како молив за усни, нешто слично како тие новите на Golden Rose. Паковањето е пластично па тешко се острат. На самото паковање пишува бројче од кармнинот и дека се отпорни на бакнежи што можам и да потврдам хахах. :)
Имаат мека структура и лесно се нанесуваат буквално се лизгаат на усните, и исто така имаат одлична пигментација особено по светлите нијанси што е за пофалба. За потемните нијанси би ви препорачала да си користите четка за нанесување на кармин затоа што не се многу прецизни, или предходно да ги прецртате рабовите на усните.
После нанесувањето се сушат во потполно мат финиш и траат неколку часа. Можат малку да ги исушат усните, па пред нанесување би ви препорачала да направете пилинг на усните и да нанесете балсам за хидратација.
На фотографиите подолу слики од нијансите.
Me Now KissProof Lipstick nr. 17
Една од омиление нијанси, преубава nude нијанса со ладен подон, изгледа преубаво, кремаста е и многу рамномерно се нанесува.
Me Now KissProof Lipstick nr. 05
Неутрална розевкаста нијанса, исто многу пигментирана. Нијансата би била одлична за пролет.
Me Now KissProof Lipstick nr. 03
Темно црвена во нијанса на вино, малку со посува текстура па при нанесување би ви препорачала предходно да си исцтрате рабовите од усните со моливче во слична нијанса и да нанесете малку балсам на усните.
Me Now KissProof Lipstick 12
Преубава mauve нијанса, една од моите омилени. Изгледа преубаво, лесно се нанесува и бојата е многудолготрајна.
Јас сум задоволна и ги препорачувам особено за цена од 1$ вреди да се пробаат. Исто така морам да напоменам дека немав никаква алергиска реакција од овој производ ама сепак би ви препорачала да си направите алерго тест пред употреба.
Можете да ги порачате од ОВДЕ.
Дали и вие ги имате користено ови кармини и како сте задоволни?
Пишете ми во коментарите подолу ваше мислење :)
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon