Seventeen Ideal Cover Concealer Review



Обожавам коректори, не дека имам некои големи подочници ама сакам кога тој дел изгледа
посветло, на тој начин и целото лице некако изгледа по свежо.



Денес ќе ви пишувам за коректорот на Севентин козметика, го имам во прилично светла нијанса и го користам исклучливо само за хајлајт (осветлување и нагласување на некои делови на лицето).

Прво да пишам за самото паковање кое што ми се допаѓа, изгледа како тие паковањата за сјај за усни и внатре е со сунѓеаст апликатор со одлична форма и лесен е за користење.



Текстурата е многу течна, доволно е мала количина да се нанесе а и може да се надоградува. Остава сјаен финиш па потребно е да се фиксира со пудра во прав или камена пудра.
Многу лесно се соединува со останата шминка на лицето, не ми се собира во линии ама таков проблем немам со никој коректор така да не би можела многу да кажам на таа тема.



Мојата нијанса е 03 скоро бела, не е ни жолта ни розева, неутрална нијанса е што одговара на секој подон, ако сте светли како мене оваа би ви била совршена нијанса.


(На првата слика имам нанесено само тенок слој течна пудра, на втората слика со корекорот на Севентин, на последната слика коректорот изблендан и плус камена пудра и останатата шминка).

Покривноста е  слаба, и затоа најчесто го користам во комбинација со други коректори, поради лесната текстура не изгледа и не се чувствува тешко на лицето, ама многу убаво го осветлува делот под очите.
Јас сум задоволна и би го купила пак затоа што нијансата е совршена а и за таа намена што го корстам е повеќе од одличен.
Previous
Next Post »
Thanks for your comment