Aura Primer T Zone Review





Никако не сакав да купувам уште козметика, ама кога видов дека Аура имаат нова база за комбинирана/мрсна кожа знаев дека нема да одолеам да не ја купам, особено кога видов дека е за смалување на видливоста на порите и за потполно мат ефект.

Базата е спакована во мала туба од 25мл што многу ми се допаѓа одлична е за патувања. Единствена замерка ми е отворот, самата база е е многу течна а отворот е преголем па секогаш излегува многу повеќе производ него што е потребно.


Многу се изненадив кога видов дека базата е во зелена боја, зелената боја го неутрализира црвенилото па тоа е голем плус. Има благ мирис на билки и освежувачка геласта структура.
Има многу течна текстура, доволна е мала количина за целото лице, јас го нанесувам само на т зоната затоа што тој дел во текот на денот станува мрсен а останатите делови ми се нормални па немам потреба.
На лицето дава многу мат ефект за многу кратко време, по нанесувањето доволно е да почекате само неколку секунди да се впие па потоа слободно да почнете со нанесување на течната пудра. Го користев со Revlon ColorStay, Seventeen Velvet Natural, Estee Lauder Double Wear, и со сите имаше одличен резултат.

(На сликата подолу можете да ги видите состојките):


 Пудрата одлично "легна" на лицето, ја продолжи долго трајноста на течната пудра и имав долготраен мат ефект без да морам да користам плус камена пудра за мат финиш.

Кога се работи за намалување на видливоста на порите, не приметив некоја голема разлика.
Исто така морам да напоменам дека ако имате нормална/сува кожа не ви го препорачувам затоа што е доста агресивен прајмер па може да ви предизвика дополнително сушење на кожата.

Јас би го купила повторно особено заради ниската цена и мат ефектот. Го препорачувам! :)
Цена околу 300 ден, зависно од продажното место.
Previous
Next Post »
Thanks for your comment