Аура изненадува со нови колкции секоја сезона, но тоа што најмногу ме изненади е квалитетот. Новите колекции на Аура се се поквалитетни и поквалитетни, и иако квалитетот расте цените остануваат исти достапни за сите.
На мојот инстаграм профил побаравте првата рецензија да биде за кармините па потоа за стиковите.
Овие кармини се многу поразлични од класичните течни кармини на Аура. Текстурата е многу густа, кремаста и по тешко се сушат ама сепак вреди да се почека затоа што кога веќе се фиксираат траат со часови.
Имаат мат финиш и не се чувствуваат тешко на усните.
Има вкупно 13 нијанси и сите се нјуд или кафеаво сифкасти. Верувам дека секој ќе си ја пронајде совршената за својот тен.
Апликаторот е многу прецизен па при апликација немате потреба од плус моливче за усни.
Паковањето многу ми се допаѓа затоа што се гледа нијансата.
На официјалната страна на Аура пишува дека се многу хидратантни ама мене ми се исти како и сите други мат кармини. Не ми ги сушат усните ама исто така не ми ги хидрираат.
На фотографиите подолу ги имате сите нијанси. Сликани се на дневна светлина па во живо можеби се за нијанса потемни.
901 Confidental
902 Rose Petal
903 Dandy
904 Inner Strenght
905 Say Yes
906 Blush Vertigo
907 Raw Amour
908 Exposed
909 Break Free
910 Au Naturel
911 Big Deal
912 Undressed
913 Nude Divine
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon