Golden Rose Soft & Matte Creamy Lipcolor


Golden Rose веќе ми е еден од омилените дрогериски брендови. Секогаш сум многу возбудена да пробам што повеќе од нивните производи.
Имаат нова колекција на кармини и често попусти па затоа решив да побрзам со рецензијата со цел да ви помогнам при изборот на нијанси.

Ако сакате мат кармини ама сепак да не се премногу суви и тешки на усните ова се кармини за вас. Изборот на нијанси е предобар и сум воодушевена затоа што секоја нијанса е нослива.
Паковањето е класично за течен кармин, апликаторот е со совршена големина и прецизен за да го нанесете карминот без предходно да користите моливче за усни.


Апликацијата е лесна затоа што текстурата е многу кремаста. На усните не се суши веднаш па имате време за поправки.
После нанесување има мат финиш, ама сепак ниту најмалку не се чувствува суво или неугодно.
Трајноста му е околу 5 часа, ама сепак не се губи потполно од усните.

Јас избрав 4 нијанси, од кои 3 се nude нијанси и една е повпечатлива. Добивате голем квалитет по супер цена.







Карминиве ги користам секојдневно и цело време добивам прашања за нијансите. Удобни се на усните и доволно долготрајни па дефинитивно ви ги препорачувам да ги пробате.

Следат уште неколку објави за Голден Роуз па ако сте заинтересирани следете ме.
Previous
Next Post »
Thanks for your comment