Golden Rose Brush Cleanser Review


Ако сте бјути зависник како мене, сигурно имате и многу четки за шминка кои што сигурно ги обожавате се до моментот кога треба да се чистат.
Имам многу четки и сите ги користам и исто така многу често ги чистам, а чистењето на четките според мене е една од најдосадните работи поврзани со шминката.
На youtube често гледав како користат некакви средства за полесно чистење на четките, и бев многу скептична во врска со тие продукти па секогаш ја користев старата метода со бебешки шампон и топла вода и часови поминати во миење на сите четки.
Кога го добив ова средство од Голден Роуз ми требаше долго време да го пробам, затоа што бев сигурна дека нема шанци ова мало чудо да ја исчисти целата течна пудра и коректор од четката.


Се излажав, неможам да ви опишам колку се изненадив кога прв пат го пробав од средство, со само еден потег четката од течната пудра ми беше потполно чиста, а четките од сенки ги чисти без никаков проблем.
Начин на употреба:

  • Во мал сад, или филџан истураш малку од средството, па потоа ја наводенуваш четката со средството и на чист пешкир или палома ги триеш четките. Потоа ги плакнеш го топла вода и ги оставаш да се сушат. Четките се меки и изгледаат како нови.

Многу добар производ што вреди да го пробате, јас имам сензитивна кожа и не  ми предизвика никаква алергиска реакција.  
Previous
Next Post »
Thanks for your comment