Ако сте почетници во шминката и немате многу искуство со истата, денес ќе ви помогнам да ги изберете основните мејкап продукти што секоја девојка треба да ги поседува.
Течната пудра е одлична за постигнување на совршен тен. Во денешно време е многу лесно да се избере пудра што совршено ќе одговара на вашата кожа. Постојат пудри со најразлични нијанси, пудри за мрсна и сува кожа и пудри со лесна и голема покривност.
Според моето искуство со многу испробани течни пудри би ви препорачала да ги разгледате пудрите на Max Factor, Revlon, Seventeen, Lancome, Ingrid итн.
Да и ова е еден од тие производи што мора да ги имате. Ова е еден од тие производи што ќе направи секоја маскара да прави чуда на вашите трепки.
Коректорот е еден од најважните продукти во однос на шминкањето. Коректорот е тој што треба да го покрие сето тоа што течната пудра не може. Особено ако сте жена со темни кругови под очите и проблематична кожа би ви препорачала да инвестирате во квалитетен коректор.
Познавам многу девојки што избегнуваат да користат кармини во појаки бои, или општо кармини. Појстојат најразлични кармини со најразлични нијанси мој совет е да не се ограничувате слободно екстериментирајте со нијансите. Кармините се тие што ќе ја направат целата шминка да изгледа поубаво и поразлично.
Ова се производи што јас ги користам секојдневно. И да, иако изгледа како многу ако се користат во нормални количини тие изгледаат многу природно на лицето.
Руменилото е тоа што ќе ви даде боја на вашето лице, има најразлични нијанси верувам дека сите ќе си ја најдете совршената за вашиот тен. Бронзерот е исто така "must have" ако го сакате оној исончан изглед. И хајлајтерот е тој продукт без кој што не можам да живеам, дава свежина на лицето и здрав сјај.
Совршените сенки за секојдневен изглед се оние неколку нијанси потемни од твојата кожа. Вреди да вложите во квалитетна палета со неурални нијанси затоа што најчесто тие се оние најкористените. Мој предлог се сенките на Clarins Neo pastels, Naked Basic или од Авон Mocha Latte, Essence Nudes, Catrice Absolute Nude итн.
Верувам дека на сите маскарата ни била меѓу првите купени козметички продукти. Добрата маскара ќе ви даде волумен и должина на трепките. Овој е еден од тие продукти што никако не смее да биде изоставен.
Постојат најразлични тушеви за очи, течни, во вид на гел или на фломастер со тенка и со дебела четка изборот е ваш! Исто така освен класичен во црна боја би ви препорачала да пробате во боја. Особено сега во зима, се одлични за да го срушиме зимското сивило.
Камената пудра најчесто ја користам за фиксирање на течната пудра и коректорот. Освен што ќе ја фиксира течната пудра и мат ефект ќе ја направи и течната пудра подолготрајна. Мој предлог за камена пудра е на Maybelline Fit me, Max factor Crème Puff Pressed powder и Rimmel Stay Matte.
10. Средство за отстранување на шминка
И најважниот продукт во вашиот несесер е секако средство за одстранување на шминката. Никогаш ама баш никогаш колку и да сте уморни немојте да спиете со шминка, на тој начин порите ќе ви се затворат и ќе ви предизикаат акни/бубулици на лицето. Одберете го средството соодветно на вашиот тип на кожа. Мој предлог е The Body Shop chamomile cleansing oil, Garnier Micerall water, Eucerin 3 in 1 cleansing fluid, ова се производи наменети за секој тип на кожа па кое и да го одберете верувам дека нема да ви предизвика иритација на кожата.
И најважниот продукт во вашиот несесер е секако средство за одстранување на шминката. Никогаш ама баш никогаш колку и да сте уморни немојте да спиете со шминка, на тој начин порите ќе ви се затворат и ќе ви предизикаат акни/бубулици на лицето. Одберете го средството соодветно на вашиот тип на кожа. Мој предлог е The Body Shop chamomile cleansing oil, Garnier Micerall water, Eucerin 3 in 1 cleansing fluid, ова се производи наменети за секој тип на кожа па кое и да го одберете верувам дека нема да ви предизвика иритација на кожата.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon