Golden Rose StayLong Mat Foudation Review
Според последните постови на блогот можете да предпоставите колку сум опседнта со течни пудри. Секогаш исто времено користам неколку, во зависно од тоа дали сакам сјаен блескав тен или пудра со добра покривност и долготраен мат изглед.
Во мојата колекција недостасуваше пудра со мат ефект, па ова беше совршена прилика да ја пробам новата мат пудрата на Golden Rose, која што морам да признаам многу пријатно ме изненади.
Паковањето е одлично, изработено е од квалитетно стакло и самата пудра делува многу поскапо. Тоа што ми е мене важно при изборот на една пудра е да има пумпичка, по хигиенски е а и никогаш нема да излезе премногу призвод.
Има средно густа текстура, па одлично се нанесува со четка, сунѓерче или прсти.
Не се суши веднаш па имате доволно време убаво да ја изблендате, потоа се фиксира на лицето и се добива многу природен мат финиш.
Има средна/ голема покривност, која што можете да ја надоградите за поголема без да изгледа многу неприродно. На самото паковање пишува дека е долготрајна што можам и да потврдам. Пудрата ми трае цел ден, после 6 часа можам да приметам малку сјај на т-зоната ако предходно не ја фиксирам со камена пудра. Како и секоја пудра понекогаш ја фиксирав со малку камена пудра па цел ден немав потреба од никакви поправки, пудрата ми траеше на лицето се до моментот кога сакав да ја избришам.
*(Сликите не се едитирани)
Друго позитивно е дека ни малку не се чувствува на лицето, буквално како да немам ништо на кожата. Нијансите се одлични и мислам дека секој може да се пронајде, имаат со неутрален и жолт подон. Јас ја имам најсветлата 01 е е прилично светла и неутрална нијанса мене одлично ми одговара.
Пудрава ја препорачувам на сите типови на кожа, затоа што мислам дека и девојки со сува кожа ако предходно нанесат добра хидратантна крема одлично ќе им одговара. Јас имам комбинирана кожа, па долго ми ја држи мат т-зоната а и не ми ги истакнува сувите делови.
Јас сум импресионирана, затоа што Голден Роуз има многу пристапни цени а нуди одличен квалитет, пудрава е една од најдобрите што ја имам пробано последниов период, а и сигурна сум дека ќе продолжам да ја купувам.
Можете да ја најдете по сите подобро снабдени парфимерии низ Македонија или во продавниците на Golden Rose по цена од 390 ден.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon