Golden Rose има нова пролетна колекција на производи, и јас едвај чекам да ви пишувам за дел од нив. Денес ќе читате за новите течни и потполно мат кармини. Ако ве интересира што мислам за нив продолжите да читате.
Самото паковање е стандардно како за течен кармин, морам да го пофалам апликаторот кој што е предобар и премногу прецизен па нема потреба пред нанесување на карминов усните да ги исцртувам со моливче за усни.
Самата текстура на карминот е пенаста, густа и богато пигментирана, па доволно е да нанесете само еден слој. Исто така мирисаат прекрасно и немаат никаков вкус што е многу позитивно.
После 1минута се суши во потполно мат, и трае многу долго. Мене ми издржа 6 часа со јадење и пиење без никаква поправка што е многу позитивно. Не се пресликува на чаша, облека, кожа итн.
Друго позитивно е дека не ги суши ни најмалку усните, и на устата не се ни чувствува дека имате нанесено потполно мат кармин.
(На сликите подолу состојките)
(На сликите подолу состојките)
Јас го имам бројот 10 и е една прекрасна многу специфична сифкаста mauve нијанса. Изгледа прекрасно и на посветол и на потемен тен. Одлично се комбинира со лилаво, розево моливче за омбре ефект.
Јас ги препорачувам да си ги пробате затоа што се работи за квалитетен производ по многу ниска цена.
Кармините ги има во сите Голден Роуз продавници низ Македонија по цена од 245ден.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon