Знам дека е зима, и дека зимно време ретко кој користи бронзер, ама јас сум една од тие што бронзерот ми е "must have" во секое годишно време, па решив да напишам рецензија за бронзените перли на Авон затоа што последниов период ги користам скоро секој ден.
Плус во Авон се често на попуст па можеби рецензијава ќе ви биде од корист.
Перливе се сместени во пластична кутија, се затвараат со капак а внатре се со голем заштитен сунѓер за да не се оштетат. Честа грешка е кај девојките што го користат тој сунѓер за нанесување на перлите па ефектот е многу лош. Најдобро е да се нанесуваат со четка.
Перливе најчесто ги користам кога носам полесна шминка, кога ги нанесувам немам ни потреба да нанесам плус руменило или хајлајтер затоа што перлите ми даваат доволен сјај и свежина на лицето, затоа што се мешавина од потемни и по светли нијанси.
Одлично се пигментирани доволно е само еднаш да поминам со четката за да го постигнам посакуваниот ефект.
Единствена замерка ми е мирисот, ама после некое време го сменува па не ми представува голем проблем.
Даваат ефект на исончан изглед, јас го нанесувам на јаболчниците, челото, и малку на носот и вратот.
Јас ги имам во нијанса warm, мислам дека ги има во уште 2 други нијанси.
Многу сум задоволна и ги препорачувам, изгледаат многу природно и не се портокалови, како што гледате на сликите подолу јас дури некогаш и контурирам со нив иако тоа не им е намената ама со мала количина се постигнува преубав изглед.
Дали вие ги имате пробано бронзеров и како ви се допаѓа?
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon