Golden Rose Total Cover Foundation Review

            
Здраво на сите после долго време. На мојот инстаграм профил гласавте за рецензија на Total Cover течната пудра на Голден Роуз па затоа денес ви пишувам за истата. (@_bbeautyblogger_ ми е инста профилот ако сакате да ме следите, често објавувам рецензии таму.)

           

Уште кога прв пат ја видов пудрава на страната на Голден Роуз бев заинтересирана да ја пробам. Самото име Total Cover беше тоа што најмногу ме привлече и фактот дека оваа пудра е достапна во 20 нијанси.

Паковањето е квалитетно и практично. Пудрата доаѓа со пумпа што функсионира одлично. Текстурата е прилично густа и кремаста па затоа треба повеќе време за нанесување. Јас ја нанесувам со сунѓерче во два тенки слоеви затоа што сметам дела на тој начин изгледа најприродно и се нанесува најбрзо. Иако е густа не е тешка на лицето. Пишува total cover ама оваа пудра има средна покривност. Не би ви препорачала да ја надоградувате затоа што може многу да се познава.
            
Ефектот што го дава на кожата е многу убав. Не е потполно мат и многу ми се допаѓа затоа што во текот на денот изгледа се поубаво и поубаво. Кожата моментално ми е посува па оваа пудра ми трае цел ден без потреба за поправки. Не ми ги истакнува сувите делови ниту порите. Најважно од се не ми предизвика никаква реакција на кожата како акни или црнки.
Исто така за по природен ефект после нанесување прскам фиксатор исто од Голден Роуз и потоа уште еднаш тапкам со сунѓерчето за да се изгуби тој брашнест ефект од камената пудра и се за се соедини. Ефектот е многу поубав и подолготраен на овој начин.

               

Мојата нијанса е 03 Almond. Светла нијанса со изразен жолт подтон.

Оваа пудра многу ми се допаѓа и ја користам скоро секојден. Често ја нанесувам и како коректор во помали количини и задоволна сум од покривноста што ја добивам.
Previous
Next Post »
Thanks for your comment