Mac Studio Fix Fluid Review


Mac конечно во Македонија па затоа решив на напишам рецензија на една од моите омилени течни пудри Studio Fix Fluid.
Ретко кога купувам иста течна пудра два пати затоа што секогаш сакам да пробам нешто ново, ама оваа течна пудра толку ме воодушеви што мислам дека секогаш ќе ја имам дома.


Има густа текстура па потребно е многу мала количина за да се постигне одлична покривност. Ако сакате голема покривност нанесете два по тенки слоеви и добивате  совршен тен без да изгледа премногу.
Може да се користи секојдневно и се постигнува по природен изглед, или за по специјални пригоди поголема покривност.


Оваа течна пудра ниту најмалку не ми ги истакнува порите, немам потреба да нанесам база пред шминкање затоа што и без база лицето ми изгледа совшено.
Трајноста му е одлична трае се додека не ја избришам без проблем. Ако имате мрсна кожа би ви препорачала да ја фиксирате со камена пудра.


Оваа пудра доаѓа спакована во стаклено шишенце без пумпа, пумпата се купува дополнително. Јас би ви препорачала да си ја купите затоа што дозирањето е полесно и пумпата ќе ја користите повторно ако ја купите пудрата.

Тоа што исто така многу ми се допаѓа е што има многу голем избор на нијанси, па јас ја најдов совршената за мене, буквално е иста како мојот тен.
NC15 е нијанса што ја користам преку целата година а NC20 ми е нијанса за лето.


На фотографијата подолу ја имам нанесено течната пудра во два слоеви затоа што имав по драматична шминка па сакав поголема покривност.


Како што веќе прочитавте во текстот, јас сум воодушевена од оваа течна пудра и ви ја препорачувам да ја пробате. Јас немав никакви реакции на кожата и мене совршено ми одговара.


Дали вие ја имате пробано оваа течна пудра?
Која ви е омилена течна пудра?
Previous
Next Post »
Thanks for your comment