Денес ви пишувам за Epic Lip кармините од кои што во колекцијата има 17 нијанси а денес јас ќе ви претставам 3 од нив, секако дека планирам да си порачам уште неколку нијанси.
Паковањето многу ми се допаѓа, практично е и е изработено од квалитетна пластика. За цена од 185 ден (цената е од моменталната кампања 03/2018) добивате 3,6 g производ што е одлично.
Што пишува Авон за кармините:
Два пати повеќе пигменти од традиционалниот кармин на Авон
- Интензивна Боја
Благодарение на внатрешната подлога бојата останува на усните со часови
- Неверојатна долготрајност
Ги измазнува омекнува и хидрира усните
- Совршена Измазнетост
Овие кармини навистина имаат голема пигментација што сум воодушевена. Бојата е интензивна и богата со само еден слој.
Се нанесуваат многу лесно, буквално се лизгаат по усните и врвот на самиот кармин е совршен за да ги нанесете прецизно без моливче за усни.
Морам да признаам дека исто така сум изненадена од долготрајноста, затоа што најчесто ”сјајните” кармини мене ми траат кратко на усните ама овие особено црвената нијанса стоеше совршено на усните со часови.
Јас сум многу задоволна и ви препорачувам да ги пробате затоа што верувам дека секој може да се пронајде во некоја од нијансите.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon