Сунѓерчето дефинитивно ми е најомилено и не можам да замислам да нанесам течна пудра или коректор со нешто друго.
Самото сунѓерче е многу меко, при допир со вода се зголемува и станува по флексибилно за употреба.
Коректорот се нанесува прелесно, изгледа преубаво и мислам дека дури најскапата четка не може да го нанесе коректорот подобро од сунѓерче. Коректорот го нанесувам со заоблената страна, додека течната пудра со рамната страна.
Исто така ако користите кремасти производи за контурурање би ви препорачала да користите сунѓерче за по природен изглед.
Сунѓерчето го чистам после секоја употреба, најефикасен производ за чистење ми се покажа сапунот на Dove.
Ова сунѓерче можете да го најдете во Anabella Парфимерии низ Македонија.
Цена- 570 ден.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon