Денес ќе читате за новите сенки на Римел, од кога ги објавив на мојот истаграм профил добивам пораки со прашања за нивниот квалитет.
Сенките морам да кажам се љубов на прв поглед, прво со самите нијанси кои што се прекрасни и малото практично паковање.
Имав потреба од една мала палета со сенки кои што се неутрални ама сепак ќе можам да направам и некој по драматичен изглед.
Паковањето е пластично и со вградено огледало и добивате плус сунѓераст апликатор кој што иако мислев дека нема да го користам ми служи одлично за потеминте "метални" сенки и добивам поголема пигментација.
Од пигментацијата сум задоволна, освен од првите две сенки кои што имаат по различна твдра "кредаста" текстура па пигментацијата е послаба како што можете да забележите на фотографијата подолу.
Другите нијанси ми се одлични, имаат супер пигменација и текстура па предобро се нанесуваат и се сенчаат една со друга.
Долготајноста му е добра без база траат околу7 часа со база се додека не ја избришам шминката.
Јас сум задоволна и ви ја препорачувам да ја пробате. Се работи за една одлична палета со многу пристапна цена.
Цена: 320 ден.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon