Како што веќе знаете Makeup Revolution ги имаме во Македонија и јас веќе пробав мал дел од нивните производи. Најмногу се израдував на Flawless Matte 2, се работи за палета со 32 мат сенки во неутрални и во поладни и потопли нијанси.
Светлите нијанси се послабо пигментирани а потемните се со одличен квалитет и многу лесно се сенчаат една со друга.
На допир се по тврди и не се ронат многу при нанесување. Омилена и најкористена ми е втората страна од палетата особено црвенкастите нијанси.
Пред да ги нанесам светлите нијанси прво нанесувам бело моливче на капакот па добивам одлична пигментираност. Палетава ми е прекрасна и многу често ја користам, има многу нијанси па одлична е како за дневен така и за вечерен изглед.
Ако сте љубители на мат нијанси особено во вакви розефкасти, лилави, неутрални и црвенасти нијанси оваа палета многу ви ја препорачувам.
Често ги користев и без база за сенка и многу сум задоволна од долготрајноста, сенките не ми се собираа на капакот иако имам мрсна кожа.
Често ги користев и без база за сенка и многу сум задоволна од долготрајноста, сенките не ми се собираа на капакот иако имам мрсна кожа.
Паковањето е класично за Makeup Revolution црно пластично паковање, на горната страна е испишано логото од брендот. Ми се допаѓа што во самата палета има огледало. Единствен минус е што пластиката е сјајна па после некое време изгледа неуредно затоа што секој допир се познава.
Цена 795 ден.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon