Во оваа палета добивате 4 сенки со три нијанси со светкава текстура и една мат нијанса. Нијансите се разпоредени од најсветла до најтемна.
Палетата е спакована во пластично паковање на кое што на дното се испишани инструкции како да ја користите палетата. Добивате 3,5 гр производ и сенките можете да ги користите 12 месеци од отворањето (иако знаеме дека може да се користат многу повеќе).
Сенките на допир се кадифено меки, се изненадив од тоа колку многу се пигменирани и долготрајни и што е најважно многу лесно се нанесуваат и без многу труд се постигнува совршен изглед.
Јас ја имам палетата под број 06 со розефкасти нијанси, има уште 6 други палети со други нијанси, 05 ми е следна за купување.
На фотографијата подолу можете да видите swatches од нијансите, сенките се нанесени во еден слој и без база и се со одлична пигментираност, со база боите се уште по пигменирани.
На фотографијата подолу можете да видите swatches од нијансите, сенките се нанесени во еден слој и без база и се со одлична пигментираност, со база боите се уште по пигменирани.
Сенкиве се прекрасни дефинитивно вреди да ги имате во вашата колекција затоа што се со одлична цена, многу квалитетни и совршено одбрани нијанси.
10/10
10/10
Цена: 380 ден.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon