Essence Lash Princess Mascara Review


Често купував од Essence Cosmetics и најчесто тоа беа маскарите затоа што покрај ниските цени нудат висок квалитет. Маскарата Lash Princess мислам дека нема блогерка која што ја нема пробано и сите рецензии што ги прочитав беа позитивни па морав и јас да ја купам.
Во оваа маскара се заљубив уште при првото користење и едвај чекав да ви пишам рецензија. Иако при првото користење имаше потечна текстура со тек на користење беше совршена.
За цена од 260 ден добивате 12 мл производ и има рок на користење 6 месеци.



Самата четка е права и со потврди иглички па полесно ги раздвојува трепките и го дава посакуваниот ефект. Има интензивна црна боја и со само еден слој дава многу волумен и должина, со два слоја дава подраматичен изглед како на фотографијата подолу.




Не се рони при нанесување што е голем плус. Не е водоотпорна и лесно се отстранува.
Морам да напишам нешто и за самото паковање кое што е преслатко и елегантно. Essence секогаш ме изненадува со преслатките паковања.

Единствен минус е што после неколку часа многу малку ми се пресликува на горниот капак, ама морам да напоменам дека имам мрсни капаци па најчесто нанесувам камена пудра преку целиот капак и немам таков проблем.

Маскарава ви препорачувам да ја пробате јас сум многу задоволна, можете да ја најдете во сите продажни места на Essence Козметика.
Previous
Next Post »
Thanks for your comment