Здраво на сите, прво да ви се извинам затоа што не бев активна на блогот како порано ама имав некои обврски и блогот морав да го оставам во втор план. Ама оваа недела ве очекуваат неколку постови со рецензии за производи што верувам дека ќе ве интересираат. За денес ќе читате за камена пудра која што ми е омилена последниов период.
Пудрава може да се најде во неколку нијанси, јас ја имам транспарентна т.е. без боја затоа што ја користам само за фиксирање на течната пудра.
Прво да напишам за самото паковање кое што никако не ми се допаѓа, би сакала да е поцврсто затоа што при првиот пад се крши, и би било многу по практично да има огледало и сунѓерче за поправки по текот на денот.
Текстурата на допир е мека и лесно се нанесува, јас ја нанесувам со голема четка за камена пудра само на т-зоната затоа што на тој дел од лицето најбрзо светнувам. Се изненадив колку подобро изгледа лицето со плус оваа камена пудра, порите ги прави речиси невидливи и добивам долготраен мат изглед во текот на целиот ден.
Можам слободно да кажам дека ова е една од најдобрите камени пудри што сум ги пробала, одлична е за мрсна кожа кога сакате мат изглед а сепак да изгледа природно и ефектот да е долготраен. Цената е околу 300-350 ден.
Дали ја имате пробано оваа камена пудра?
Која камена пудра би ја препорачале за мрсна кожа?
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon