Едно од најпоставуваните прашања на блогов ми е за веѓите. Немав напишано пост затоа што цело време користам различни производи а и некогаш не ни користам ништо затоа што задоволна сум од природната дебелина и форма од веѓите.
Последно што купив беше гелот за обликување на веѓи од Nyx. Со овој производ добивам по драматичен изглед или буквално инстаграм веѓи. Кога и да го користам добивам многу комплименти а и го препорачав на мои блиски пријателки и сите се многу задоволни.
Да напишам збор два за самото паковање, едноставна мала тубичка што е лесна за употреба затоа што отворот е мал па имате поголема прецизност при дозирање. Потребна е многу мала количина за една употреба.
Текстурата е густа па производот многу лесно и се прецизно се нанесува, потребно е побрзо да го нанесете затоа што брзо се суши/фиксира па после е невозможно да го размачкате.
Јас го имам во нијанса Brunette неутрална темно кафена нијанса и совршено ми одговара. Се употребува со четка, јас користам две зависно од тоа што сакам тој ден едната е двострана четка на Авон со синтетучки погусти влакна а другата е мала косa четка на Аура. Од двете сум многу задоволна.
Цена 500 ден, можете да го нарачате преку Aleksandar Kozmetik Skopje.
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon