Кога се во прашање есенско/зимски комбинации преферирам едноставни, удобни и најважно топли затоа што никако не го поднесувам ладното.
За денес имам едноставна комбинација, црн "oversized" џемпер со врвки во пределот на деколтето, тесни фармерки и јакна во впечатлива боја, која што ме освои на прв поглед затоа што зимата е многу долга и депресивна и сакав јакната да ми биде во некоја повесела боја. Дури и без користење на модни додатоци со оваа јакна и наједноставна комбинација изгледа многу убаво. Јакнава е од брендот Tom Tailor, од нивната есенска колкеција, многу сум задоволна од квалитетот, многу е топла а сепак се чувствувам како не носам ништо премногу е удобна.
Пишете ми како ви се допаѓа и дали би сакале уште вакви "outfit" постови. Имајте убава работна недела.
Jeans - Bershka ; Parka - Tom Tailor ; Sweater - Local Store ; Bag - Berbej Bags Struga ; Boots - Zara
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon