Golden Rose Contour Brush Review



Уште кога ја видов четкава на официјалната страна на Голден Роуз знаев дека морам да ја имам. Лицето најчесто го контурирам со прашкасти производи па имав потреба од ваква четка за поголема прецизност особено кога работам со клиенти.
Плус четкава е скоро идентична со четката за контури на Nars која што од давно ми е на wishlist ама има цена од 55$ па четкава од Golden Rose ми беше многу подобра опција.


Самата четка е изработена многу квалитетно, влакната се рамно сечени и се густи за прецизно да го нанесат производот, но исто така доволно меки за да го исенчаат за да нема груби линии. Со оваа четка многу повеќе го усовршив контурирањето, со само неколку потези имам совршено истакнати црти на лицето, без да изгледа грубо или "валкано".


До сега 3 пати ја имам миено/ чистено и нема паднато ниту едно влакно што е голем плус. Јас многу ја препорачувам оваа четка затоа што многу сум задоволна, особено ако сте почетници во шминката или контурирање на лицето четкава многу ќе ви ја олесни работата во истакнувањето на природните црти од лицето.


Previous
Next Post »
Thanks for your comment