Амбалажата од овој коректор ме освои најмногу, изгледа прекрасно и практично. Изгледа многу поскапо баш како high end производ.
Овој коректор би требало да хидрира, да осветли и да ги прикрие несовршеностите.
Самата текстура од коректорот е многу кремаста и средно густа, дава лесна/средна покривност. Јас го нанесувам во два тенки слоеви, ми дава средна покривност, многу го осветлува делот под очите и што е најважно не ми се собира во линии и не изгледа суво и "cakey".
Ако барате коректор за осветлување (хајлајт) ви го препорачувам да го пробате овој коректор, особено сега за лето многу лесно се чувствува на кожата. Ако барате коректор со фул покривност овој коректор нема да ги исполни вашите очекувања, затоа што не прекрива многу темни подочници.
Најдобро се нанесува со сунѓерче или со прсти со четка се прават линии и не се нанесува рамномерно.
Исто така приметив ако не го фиксирам со камена пудра после неколку часа се собира во линии, ама ако го фикстирам со камена/ пудра во прав изгледа одлично цел ден.
На сликите се гледа пред и потоа, мене ми се допаѓа и секако би го купила повторно заради многу лесната текстура. Како што гледате имам пеги и црвенило и порите ми се познаваат, а на втората фотографија пегите се покриени а порите блурирани.
Коректорот можете да го купите во 3 нијанси, од кои што јас ја имам најсветлата 10 Ivory.
Коректорот можете да го надете во сите подобро снабдени дрогерии низ Македонија.
Дали вие го имате користено овој коректор?
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon