Melem Review




Овие производи ги користам скоро 2-3 недели и решив да напишам рецензија.
Мелемот од 35 мл го користев секојдневно на сувите делови од телото. Има цврста текстура, па со допир со телото се топи и лесно се нанесува. Потребна е многу мала количина, па затоа секогаш почнувајте со помала количина па по потреба земајте повеќе за полесно за се впие во кожата, ако се претера остава лепливо и непријатно чуство на кожата.

Мене многу ми помогна за сувите стапала и за кутикулите околу ноктите што ми се најголем проблем. Исто така помага и при заздравување на надрзанета кожа, делува многу брзо што многу ми се допадна. Имав проблем со внатрешни влакна на нозете и имав буквално рани по нозете и со мелемот тие флеки се помалку видливи.

Исто така за сите девојки со суви усни или што секојдневно користат мат кармнини мелемот е спас за суви и испукани усни.






Иако повеќе ми се допаѓа мелемот во тегличка поради меката текстура, мелемот во стик е одличен за носење во чанта кога сте надвор од дома поради хигиенски причини и исто така е многу по практичен и по едноставен за употеба.

Јас ви ги препорачувам да си ги пробате и верувам дека ќе бидете многу задоволни. Мене ми се веќе дел од секојдневната рутина за нега на кожата. До сега немав никакви несакани ефекти од мелемот.

За повеќе информации околу другите производи од овој бренд и состојките посетете го нивниот официјален сајт  www.melem.com/
Previous
Next Post »
Thanks for your comment