Ingrid Cosmetics Satin Touch Blushes Review


Ги разгледував постовите на блогот и забележав дека немам напишано рецензија за руменила, и затоа денес ќе читате за новите преслатки руменила на Ингрид Козметика.

Руменилата се сместени во мало пластично паковање, нема ниту мало вградено огледало ниту апликатор што е голем минус според мене. 
Ама, тоа што мене ме привлече на прв поглед е самиот дизјан на продуктот кој што изгледа како цвет и прекрасните нијанси.
Имаат по јака текстура на допир,  едната нијанса 12 содржи благ шимер (сјај) а другата нијанса 11 е потполно мат.
Не се ронат при нанесување и одлично се соединуваат со останата шминка и изгледаат природно на лицето. Имаат слаба/средна пигментација па нема шанци да претерате при нанесување. Јас нанесувам 2 слоеви затоа што сакам кога руменилото многу се познава.



Јас ги имам во 2 нијанси 11 во многу розева, и 12 (имам 2 исти) во розево/кафена нијсанса.

11 -

11 -  Е преубава светло розева нијанса и е потполно мат, одлично е пигментирана ама сепак лесно се нанесува. Ова ми е едно од омилените руменила и многу често го користам.




12


12 - Оваа нијанса е темно розева со кафени тонови, има малку сјај во самата текстура ама не се познава многу на лицето. Како што гледате на сликата подолу изгледа многу нежно и е одлично за секојдневно користење.



Двете руменила се прекрасни и убаво ги нагласуваат јаболчниците и целата шминка изгледа многу поубаво. Трајноста му е во зависност од подлогата, после 5-6 часа почнуваат да избледуваат од лицето.
Јас ви препорачувам да ги пробате затоа што се многу пристапни а имаат супер квалитет. :)
Previous
Next Post »
Thanks for your comment