Estee Lauder Sumptous Extreme Mascara Review
Здраво на сите :)
Денес ви пишувам рецензија на една high end маскара, испробав неколку и наредниов период очекувајте неколку рецензии. Денес ќе читате за маскарата на Estee Lauder а што мислам за неа прочитајте во текстот подолу.
Маскарава ја купив во Sephora беше на голем попуст и тоа беше совршена прилика да пробам маскара од толку познат бренд.
Паковањето е тоа што ме привлече најмногу на прв поглед, изгледа прекрасно, многу луксузно, спакована е во преубаво златно паковање на кое е испишано логото од брендот.
Има долга дршка и самата четка е голема и со густи влакна. Текстурата е баш фина, средно густа и не се размачкува околу очите.
Иако се изгледа толку совршено оваа маскара не направи ништо повеќе од моите "drugstore", "евтини" маскари. Не добив волумен ниту должина на трепките. Со 2 слоеви се дoбива малку волумен ама ништо толку екстремно како што кажува самата маскара. Со маскарите на Макс Фактор добивм многу подобар ефект.
Не сакам кога пишувам негативни рецензии ама маскарава ја имам подолго време и секогаш го добивам истиот ефект. Estee Lauder има одлични производи ама оваа маскара дефинитивно не вреди за таа цена па мој совет би бил ако веќе сакате да пробате high end маскара да ја пробате на Clinique High Lenghts или Mac Upward Lash.
Која ви е омилена маскара?
За што би сакале да читате во следниот пост?
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon