Avon Gel Shine Nail Enamel Review


До сега немам пишувано рецензија за лакови иако сум зависна од нив и купувам цело време. Авон има нова колекција на лакови со ефект на гел и нови прекрасни нијанси. Јас имам кратки и кршливи нокти па вештачки нокти со гел од давно се забранети за мене, плус често сакам да ги менувам боите па таа варијанта не ми одговара. 
Овие лакови се одлично пигменирани, особено потемините нијанси, со посветлите поминувам по 2 пати со четката за посовршен ефект.
Овие лакови не само што даваат гел ефект на ноктите исто така и се со одлична трајност. До сега имам користено многу лакови и поевтини и поскапи и ниту еден лак не ми издржал повеќе од 5 дена. Овој лак го носев максимални 7 денови, потоа го отстранив затоа што ми здосади бојата а верувам дека би траел и до 10 дена.
Друго многу позитивно е дека многу брзо се сушат, што е голем плус особено за девојки како мене што скоро секогаш завршуваат со размачкан лак затоа што баш во тие моменти или ми се пријадува или морам да одам некаде. :)
Подолу на сликите ќе ги видите 11 нијанси што ги сликав за вас, сакав да почекам да ми пораснат малку ноктите ама сепак одлучив да ви напишам рецензија затоа што во каталозите има одлични попусти па можеби оваа рецензија ќе ви биде од корист при изборот на нијансата.



  • Citronized,  Emerald City,  Mint to Be


Citronized 

Emerald City


Mint To Be



  • Fabulous,  Roses are Red,  Orange You Crazy


Fabulous 


Roses are Red

Orange You Crazy


  • Purplicious,  Lavender Sky,  Rain Washed



Purplicious

Lavender Sky

Rain Washed



  •  Dazzle Pink,  Top Coat,  Agate



Dazzle Pink


Agate





Во понудите исто така има и спреј за брзо сушење на лакот, јас најчесто го користам на нозете и сум задоволна.
Исто така има и четка за прецизно украсување на ноктите јас не ја имам многу користено затоа што скоро секогаш се лакирам во брзање, ама од тие неколку пати што ја користев приметив дека е мека и лесна за користење.


Пишете ми кои се ваши омилени лакови? :)
Previous
Next Post »
Thanks for your comment