Текстов ќе биде долг па би ви препорачала да си земете кафе или чај и да се релаксирате.
Декоративна козметика:
- Golden Rose StayLong Mat foundation - Пудрава ги надмина сите мои очекувања, одлична цена и квалитет. Одобено ако имате комбинирана/мрсна кожа пудрава ќе ви биде одлична за секојдневно користење. Имам и рецензија, повеќе детали овде.
- Max Factor Whipped Cream Foundation - Одлична пудра, има пенаста структура и доволна е мала количина за цело лице. Средна покривност, немам потредба од плус коректор или камена пудра. Ја користам за секојдневен изглед кога не сакам да нанесувам многу производи на лицето. Нијансата е светла и одлично ми одговара со тенот. Ја препорачувам.
- Avon Luxe Foundation base - Имам многу бази ама оваа ми е омилена, не ми го суши лицето а сепак ми дава мат ефект. Ова ми е второ паковање а верувам дека ќе продолжам да ја купувам. Имам посебна рецензија па ако сакате да прочитате повеќе кликнете овде.
- Bourjois Radiance Concealer - За делот под очите сакам течни коректори и коректори со средна покривнот. Овој на Боржуа е еден од подобрите што го имам користено, предобро го осветлува делот под очите, го хидрира тој дел и што е најважно не ми се собира во линии.
- Seventeen Bronzing Powder 02 - Најдобриот бронзер што го имам користено. Ми дава свеж и исончан изглед на лицето. Нијансата е многу природна и со ладен подон па може да се користи и за контурирање. Најчесто го нанесувам под јаболчниците, малку на виличната коска и на т-зоната.
- Max Factor baked blush lovely pink - Го користам не прекинато веќе една година и сеуште не е потрошено. Преубава светло розева нијанса која што дава многу свежина на лицето. Да немав толку многу руменила дефинитивно би си купила уште некоја нијанса затоа што е многу долготрајно и одлично пигменирано.
- Bourjois Push up mascara - Иако сум верен фан на маскарите на Макс Фактор, овој пат во фаворити се најде маскара на Боуржуа, долго време ја користам и сеуште го дава истиот ефект како на почетокт. Дава многу волумен и должина на трепките и што е најважно не се размачкува иако имам многу мрсни капаци. Имам посебна рецензија ако во интересира пред и потоа евект кликнете овде.
- Seventeen Pro black liner - Скоро секогаш користев туш како фломастер или гел туш, ама овој ми е совршен. Одлична текстура, остава многу црна линија со само еден потег и има многу прецизна четка. Не се размачкува.
- Seventeen Brow pencil - Без конкурекција еден од најдобрите моливи за веѓи, одлична нијанса пигментација трајност! Го препорачувам. :)
- Moda brow gel - Гел за веѓи во боја, многу беше ефтин и решив да го пробам и не се покајав, некогаш кога немам време да ги исцртам веѓите со моливче нанесувам сако од гелов. Трае цел ден и не се размачкува.
- Sleek Storm & max factor sumptous gold eyeshadow palette - Иако имам многу палети со сенки ги користев само овие две, одлична долготрајност, нијанси, пигментираност. вредат за секој денар. Рецензија овде.
- MAC Ruby Woo - Карминов е совршенство! Најубавата црвена нијанса со ладен подон, одговара прекрасно и на посветол и на потемен тен. Преубав мат финиш, одлична долготрајност. Периодов ќе напишам детална рецензија плус слики.
Нега на коса:
- Avon Advance Techniques Daily Shine 2 in 1 - Одличен шампон, кога го купив беше на некоја акција и го земав по смешна цена од 129 ден. Косата ја прави мека и мазна веќе си купив уште еден во залиха.
- Avon Advance Techniques Daily Shine Dry ends serum - Серумов го купувам по трет пат, имам и други пробано ама овој некако најмногу ми одговара. За таа цена е одличен.
- Avon Advance Techniques Daily Shine Shine superme - Врвовите на косата ми се многу суви и без сјај. После пеглање на косата нанесувам за да добијам поголем сјај и не ми ја мрсат дополнително косата.
- Loreal Elseve Balsam - Овие регенератори од Elseve ми се едни од најдобрите што ги имам пробано. Ги имам пробано скоро сите видови и неможам да се одлучам кој ми е омилен.
- Batiste Heavenly Volume Dry Shampоо - Косата многу брзо ми се мрси, па сувите шампони ми се спас во секое време. Имам пробано неколку видови моментално овој ми е омилен.
Парфеми:
- Lancome La Vie est belle - До сега омилени парфеми секогаш ми биле тие од Lancome. Одлична долотрајност, мирис, изглед. Многу ви го препорачувам парфемов предолготраен е и многу бавно се троши.
Кои производи ви се вас омилени за овој период? :)
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon