Impala Liquid Eyeliner Pen Review



Здраво на сите! :)
Денес ќе читате за една кратка рецензија за мојот омилен  туш за очи. Го користам 2-3 години и иако користам и други тушеви, овој ми е обавезен во несесерот за секојдневно корисење. Се работи за тушот на Импала.



Изгледа баш како фломастер. Самата четка е со кос врв и е подебела, ама има и со послаба четка за вас што преферирате таков тип на четки.


Пигменираноста е ОДЛИЧНА, многу е подобар од тој од Oriflame или Brooklin.
Многу е лесен за употреба, со еден потег остава преубава црна линија, исто така многу е траен, ми трае се до моментот кога сакам да го избришам, не ми се пресликува ниту размачкува. Има одличен квалитет и цена.



Го препорачувам да си го пробате, особено ако ви е тешко да нанесете туш . Со овој туш нема шанци да го размачкате или лошо да го нанесете. Трае многу долго за ваков тип на туш, не се суши за кратко време.
Цената е околу 150-180 ден зависно од продажното место.



Previous
Next Post »
Thanks for your comment