Јас сум човек што живее за пролет и лето, зимата ми е некако многу депресивна а и тешко се навикувам на ладно. Сега се враќам со почесто објавување на мои секојдневни комбинации. За денес имам едноставна комбинација со trench палто, во која што преовладуваат неутрални нијанси, па за да не биде досадна се одлучив за црвен кармин. Кошулата ми е од Мак Џинс, материјалот е прекрасен а и самиот дизајн ми се допаѓа, имаат и нови пролетни модели па би ви препорачала да ги посетите нивните продавници затоа што цените им се одлични.
Trench палто - Stradivarius ; Jeans - Gina tricot ; Кошула - Mak Jeans ; Кармин - Mac Ruby woo
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon