Bourjois City Radiance Foundation Review



Денес ќе ви пишувам за една прилично нова течна пудра на Boujrois City Radiance. Она што ме привлече кај оваа пудра беше што има висок СПФ 30, дава свежина и здрав сјај на кожата а тоа е нешто што многу ми треба после мрачнава и депресивна зима.

Самото паковање е тоа што најмногу привлекува на прв поглед. Зрачи со пролет и изгледа преслатко. Пудрата е спакована во мека бебешко розева туба од 30мл. Многу ми се допаѓаат вакви паковања затоа што пудрата слободно можеш да ја искористиш до крај, одлични се за патувања и не зафаќаат премногу простор.




Пудрата е со многу густа текстура па тешко се размачкува со четка, затоа би ви препорачала да ја нанесувате со прсти или влажно сунѓерче за течна пудра.
Мириса прекрасно, како и сите останати пудри на Bourjois.
Според густината очекував голема покривност, ама не, пудрата има лесна-средна покривност. Одлично изедначува тен и прекрива црвенило, изгледа буквално како кожа. Дава преубав сјај на кожата, не влажен изглед него здрав сјаен тен.
Не би ви препорачала да надоградувате за поголема покривност затоа што би добиле премногу cakey изглед.
Јас секогаш нанесувам база на т-зоната, па пудрава ми стои на лицето околу 4-5 часа без никаква поправка, после  часа обавезно нанесувам камена пудра за мат финиш.


Пудрата е достапна во 5 нијанси :

  • Ivory Rose
  • Vanilla
  • Beige Clair
  • Beige
  • Hale Dore
  • Hale Clair 
Јас ја имам втората нијанса Vanilla затоа што оваа беше со жолт подон, па малку е потемна од мојата боја на кожа, ама после нанесувањето се соединува со кожата па не се познава толку многу.


Пудрава би ја препорачала на девојки со  сува, нормална  до комбинирана кожа. Ако имате мрсна кожа дефинитивно не е за вас, затоа што самата пудра содржи пигменти кои што го зголемуваат сјајот, можеби би одговарала ако користите добра мат база или камена пудра за долготраен мат ефект.


Мене ми се допаѓа затоа што е многу лесна пудра и не се чувствува на лицето па одлична е за секојден кога не сакате да носите многу шминка а сепак не би излегле со "голо" лице.





Пудрава е достапна во сите подобро снабдени парфимерии низ Македонија по цена од 790ден.
Previous
Next Post »
Thanks for your comment