EUCERIN Aqua Porin Active Review





Кремава ја купив многу случајно, беше на некоја акција па решив да и дадам шанца иако очекувањата не ми беа многу високи затоа што кожата тешко ми се адаптира на нови креми за лице. Почнав да го користав веќе второто паковање па мислам дека е време да напишам рецензија.



Текстурата на кремот е нешто измеѓу гел и крем, многу е лесна и брзо се впива во кожата. Служи како одлична подлога за шминка, поради лесната текстура ја нанесувам и навечер и на сабајле. Не содржи парфеми и парабени па би била одлична и за осетлива кожа а и нема да ви предизвика никакви иритации.
(На сликата подолу можете да го видите составот).


Мојата кожа многу брзо се навикна на новата крема, ефектот беше видлив уште по првите неколку користења, кожата ми беше по еластична, мазна и блескава. Ми овозможи голема хидратација на кожата а сепак го немав оној ефект на мрсна кожа. Имам комбинирана кожа.суви образи и многу мрсна Т-зона.



Мојата крема е за комбинирана/мрсна, а мислам дека има и за сува и нормална кожа.
Мене многу ми се допаѓа, малку е по скапа од стандардните креми ама ефектот што го дава на кожата е предобар. Мислам дека конечно ја најдов совршената крема за лице, што ќе ми пружи доволна хидратација а нема да ми ја направи кожата уште по мрсна. Ви ја препорачувам.
Кремата можете да ја купите во сите подобро снабдени аптеки низ Македонија.


Дали вие ја имате користено кремава, која ви е омилена крема за лице?
Previous
Next Post »
Thanks for your comment