Блогот го почнав пред 3 години, не ми се верува дека толку брзо поминаа три години. Го почнав од забава, таткоми е фотограф и секогаш сакав повеќе да позирам него јас да се бавам со фотографија(освен кога сликам за блогот тогаш уживам).
Бев инспирирана од многу странски блогерки, и сакав да си имам свое катче каде што можам да објавувам модни комбинации, совети за шминка и рецензии.
Кога го почнав блогот ни најмалку не беше татков како што го имав замислено, ни дизајн ни како беше доловена фотографијата а ни името.
Вложив многу труд и сега сум задоволна со изгледот, и со тоа што го правам. Блогот ми достигна прегледност од 300.000+ прегледност, ова не го ни сонував! И не, не е можеби некоја голема бројка, ама за мене е многу, блогот секојдневно има се повеќе и повеќе посетители.
Запознав со многу девојки исто така блогерки, кои што имаат прекрасни блогови и изгледаат баш светски.
Исто така имав соработки со неколку козметички а и модни брендови, и оваа година слободно можам да ја наречам една од поуспешните.
Ништо од ова немаше да се случи ако не бевте вие, вие што ме следите и што го читате секој мој пост. Ви благодарам за секоја критика, безразлика дали била позитивна или негативна, тоа ме мотивираше да бидам подобра и подобра.
Решив да ви се заблагодарам на тој начин што организирав дарување.
Се што треба е да ме заследите на некоја од социјалните мрежи
инстаграм @azizedemishi или фејзбук https://www.facebook.com/Rosee96/?ref=hl (нормално ако сакате). И да го напишете вашето име и мејл во коментарите подолу.
Во рок од една недела ќе се избере победникот.
Со среќа! :)
Ќе ги добиете производите од сликата подолу (плус гел сенка што забоавив да ја сликам :$) :
Next
« Prev Post
« Prev Post
Previous
Next Post »
Next Post »
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Show Konversi KodeHide Konversi Kode Show EmoticonHide Emoticon